Светлана Цеца Ражнатовиќ кажува дека на својот син Вељко ќе му купи автомобил но истакнува дека тој нема да го добие за својот 18 роденден на 10 декември како што сите очекуваат. Пејачката истакнала дека нејзиниот син мора најпрвин да научи перфектно да вози.Цеца кажува дека ќе му ги даде клучевите дури кога самата ќе се увери дека Вељко е подготвен одговорно да управува со автомобил.
„Некои луѓе коментираат дека ќе му купам бесен автомобил на Вељко за 18-от роденден.Што , јас не го сакам своето дете? Секако дека ќе му купам автомобил како и секој родител. И тој како и сите други деца изрази желба да добие автомобил но тој сеуште нема возачка дозвола. Кога ќе положи тогаш ќе добие. Најпрвин ќе мора да ме провози и мене и кога јас ќе се уверам дека знае да вози тогаш ќе добие автомобил“- кажува Цеца за „Информер“.
Цеца истакнува и дека Вељко за 18-пт роденден ќе добие само прослава во хотелот Хајат.
„Малку ли е? Ќе има прослава, таму ќе бидат некоите другари, мои колеги, соработници, пријатели, семејството. Доста му е тоа. Ќе му остане во спомен засекогаш! Ќе има доста гости околу 800 луѓе“- кажува Цеца, а нејзината ќерка Анастасија е исто така приклучена во организацијата.
„Вељко не се меша, бидејќи не се разбира во тоа. Јас и мама се занимаваме со се што е поврзано со журката а тој само треба да одбере што да облече“- кажува Анастасија. Цеца кажува дека ќе му ги даде клучевите дури кога самата ќе се увери дека Вељко е подготвен одговорно да управува со автомобил.
„Нек



