Азира гледајќи во лажица изнела низа наводни пророштва за повеќе лица од балканската естрада, меѓу кои се и Северина и Здравко Чолиќ.Босанската пророчица Азира Муратовиќ сите ја познаваат како “жената со лажиците”.
Нејзината „моќ“ да гледа во лажиците некого ќе насмее, а некого ќе наежи. На вас останува дали ќе ѝ верувате или не.
“Одговорно тврдам дека Жељко Ражнатовиќ Аркан е сè уште жив! Преку моите сништа видов дека е жив и дека наскоро ќе бидат доставени докази за тоа. Го издржува жена, го видов и тоа. Ќе биде повикан од страна на некој човек. Тој детаљ ме заинтересира, па за да видам за кого станува збор, гледав на лажиците. Седмата лажица ми кажа дека Аркан ќе има големи проблеми со тој човек”, изјавила пророчицата Азира Муратовиќ, но не кажала каде Цеца го крие својот сопруг.
Таа од друга страна вели и дека Цеца глуми “тажна вдовица”, а всушност таа го издржува, наведуваат босанските медиуми.
Меѓу другото, пророчицата вели дека во петтата лажица видела дека Северина ќе се смири со таткото на својот син, и дека подоцна ќе добијат уште едно дете. За Здравко Чолиќ, Азира видела дека пејачот ќе се разведе од својата сопруга…
Од другите личности од естрадата Азра вели дека Неда Украден за која предвидела дека и претстои венчање и идеален брак, што покажала првата лажица, четвртата лажица покажала дека ќе има здравствени проблеми и дека ќе мора да ги слуша лекарите.
За Шабан Шаулиќ кој деновиве е во центарот на вниманието изјавила дека гледајќи во лажиците наводно видела здравствени проблеми, а што се однесува на работата таа видела дека тој седнува на трон и става круна на крал на главата и не верува дека некој ќе може да му ја симне од главата. Интересно е што Азира во своето пророштво не ја видела Ивона Цуца, и сета таа прашина која се крена околу неа и Шабан. Босанската пророчица Азира Муратовиќ сите ја познаваат како “жената со лажиците”.
Нејзината „моќ“ да гледа во лажиците некого ќ



