Според податоците на Бирото за статистика во САД, минатата година се забележани 45.3 милиони сиромашни, што претставува околу 14.5 отсто од целокупното население.Постои ли можност некои од нив за неколку години и тоа како да се збогатат, каков што е токму случајот со многу богати и славни личности кои се родени и израснале во голема сиромаштија?
Хилари Свонк – 40 милиони долари
Пред да стане добитничка на Оскар, и пред да ја добие својата ѕвезда на Холивудскиот булевар на славните личности, Хилари Свонк живеела во беда и сиромаштија. Нејзиното семејство се преселило во приколка во Белингем во Вашингтон кога таа имала само шест години. На 16 години таа заедно со својата мајка заминала во Лос Анџелес каде извесно време живееле во автомобил.
Сара Џесика Паркер – 90 милиони долари
Иако нејзината мајка била вработена, тие живееле исклучително тешко бидејќи Сара била едно од осумте деца во нивниот дом. Живееле од социјална помош, биле многу сиромашни и тоа не можеле никако да го сoкријат. Се случувало да останат и без струја, без вода, но и без парче леб. Сепак, нејзината мајка сторила се’ што можела за Сара да не се откаже од својата љубов кон танцот. Таа некако собрала доволно сретства и ја испраќала на часови по балет и пеење.
Џим Кери – 150 милиони долари
Иако во првите години од животот тој живеел нормално, се’ се променило кога тој станал тинејџер бидејќи неговиот татко останал без работа. Тие жовееле во комбе, а Џим бил принуден да го напушти училиштето кога имал 15 години кога започнал да работи како домар.
Деми Мур – 150 милиони долари
Деми имала особено тешко детство. Нејзиниот татко го напуштил семејството уште пред да се роди таа. Нејзината мајка пак набрзо се премажила, но нејзиниот очув често ги менувал работните места, додека нејзината мајка се борела со проблемите со алкохолот.
Еминем – 160 милиони долари
Славниот рапер добро се намачил за да стигне таму каде што е сега. Пред да освои повеќе од 150 награди, вклучувајќи и Оскар, тој често се преселувал, за на крај конечно да се сместат во Детроит. Тие едвај спојувале крај со крај, а врсниците редовно го малтретирале во училиште.
Леонардо Ди Каприо – 220 милиони долари
Тој живеел со својата мајка во Лос Анџелес, која често работела и на две работни места за да успеат да се прехранат. Улицата на која живееле била преполна со организирана проституција, криминалци и насилство.
Том Круз – 380 милиони долари
Том Круз израснал во сиромашно семејство во кое таткото бил исклучително насилен. За среќа, неговата мајка го напуштила таткото кога Том бил во средно училиште, а таа промена му помогнала за подоцна да стане успешен.
Мараја Кери – 510 милиони долари
За Марајa се ‘ тргнало по надолна линија после разводот на нејзините родители. Меѓутоа, кога нејзината мајка после неколку години успеала да заработи одредена сума работејќи како оперска пејачка и вокален тренер, тие се преселиле во подобар крај каде Мараја започнала да работи на својата кариера.
Џеј Зи – 550 милиони долари
Во својата книга “Decoded”, раперот кој израснал во Бруклин, вели дека неговиот живот имал два клучни периоди, еден кога бил ситен измамник и еден кога тој станал рапер. До својата 13-та година тој главно живеел сам на улица.
Опра Винфри – 2.9 милијарди долари
Родена во Мисисипи, нејзината мајка ја напуштила уште додека била мала, така што таа израснала со нејзината баба. Таа била толку сиромашна што носела облека која била изработена од вреќи за компири. И како сето ова да не било доволно, таа била и сексуално злоставувана.Постои ли можност некои од нив за неколку години и тоа како да се збогатат, каков што е токму случајот со многу богати и славни личности кои се род



