Легендата на Формула 1, Михаил Шумахер, кој по тешката повреда на главата на скијање остана во болница, напредува во лекувањето, соопшти неговиот портпарол Сабине Кем.Таа нагласи дека Шумахер и понатаму се наоѓа во фаза на закрепнување која е „многу долга“.
„Можам само уште еднаш да кажам дека семејството на Шумахер е исклучително благодарно поради огромните симпатии и сочувството на обожавателите ширум светот. Верувам дека нивната позитивна енергија е добра за Михаил“, рекла Кем.
Седумкратниот светски шампион во Формула 1 претрпе сериозни повреди на скијање на француските Алпи кон крајот на декември минатата година, за после шест месеци да биде во кома и префрлен на рехабилитација. Прво престојуваше во клиника во Швајцарија, а од септември е префрлен во неговиот дом.Таа нагласи дека Шумахер и понатаму се наоѓа во фаза на закрепнување која е „многу долга“.
„Можам само уште еднаш да кажа



