Позната манекенка едвај ја избегнала смртта, била оперирана 40 пати

Супермоделот Ники Тејлор уште на 16 години била успешна манекенка, а потоа и се случиле трагедии кои и го промениле животот. Во интервју со Опра Винфри открила како се изборила со најтешките моменти.Со мода почнала да се занимава на 13 години, на 15 била на насловната страна на „Вог“ како најмлада манекенка која се нашла на насловната страна на ова списание, а на 16 години го заработила првиот милион.
Нејзиниот приватен живот бил далеку од совршен, во 1995 година, нејзината сестра Криси починала на 17 години од ретка срцева болест.
„Најголемата трагедија и губитокот во мојот живот е загубата на сестра ми. Бевме многу блиски, работевме заедно, сите работи ги правевме зедно, многу ми недостига“, рекла Ники (39) во емисијата „Oprah: Where Are They Now?“.
За да ја преброди смртта на својата сестра, Ники побарала стручна помош, терапијата со лекови и била од најголема помош.
А потоа во 2001 година доживеала сообраќајна несреќа, изгубила 80 % од крвтта, неколку недели била во кома и преживеала повеќе од 40 операции.
„Беше чудо што воопшто преживеав“, рекла Ники, и додала дека здравјето е вистинско незаменливо богатство.
 
 Со мода почнала да се занимава на 13 години, на 15 била на насловната страна на „Вог“ како најмлада манекенка која се нашла на насловна

Пронајдете не на следниве мрежи: