НАСКОРО: Карти за Евровизија и за 30 евра!

Во моментов се разгледува и соработка со виенските музеи, со цел да им се понуди целосно уживање на посетителите во културната понуда на градот.- Најевтините карти за Евровизија ќе чинат 30 евра, изјави генералниот директор на австрискиот јавен сервис (ORF), Александер Врабец.
Врабец ги предупреди граѓаните засега да не ги купуваат картите преку интернет, бидејќи веројатно станува збор за фалсификати и дека официјалните 100.000 влезници за вкупно деветте шоу-програми ќе бидат пуштени во продажба пред католичкиот Божиќ.
Сите заинтересирани ќе можат да купат карти за поединечни настапи, но и комбинирани претплати за неколку настапи или денови. Еден дел од картите ќе биде резервиран за меѓународните посетители, додека друг дел им беше ветен на официјалните фан-клубови. Што се однесуна на ВИП пакетите, Виена ќе се ориентира на цените од Копенхаген. Овие карти во Данска чинеле 300 евра.
Од ова натпреварување ќе профитира и гранката на туризмот, со оглед на фактот дека сите капацитети за сместување се веќе резервирани, а државата од рекламите очекува заработка од неколку стотици милиони евра.- Најевтините карти за Евровизија ќе чинат 30 евра, изјави генералниот директор на австрискиот јавен сервис (ORF), Александер Врабец.
Врабе

Пронајдете не на следниве мрежи: