Иако е веќе во седмата декада, американскиот актер Мики Рурк одлучи да му се врати на боксот. Според тврдењата на спортскиот портал Sovsport.ru, некогашниот холивудски заводник закажа борба за 8 декември во Москва и тоа против американскиот боксер Елиот Симур (29).„Боксот е важен дел од мојот живот. Тој ме научи на почит и одлучност, трпение и концентрација. Од секогаш сонував да имам меч во Русија“, изјави 62-годишниот актер.
Споредуван со Марлон Брандо по филмот„Rumble Fish“, Рурк стана секс симбол во 1980 година. Но, по низата на лошо одбрани улоги, Рурк во 1991 година целосно му се посветува на боксот.
На големото платно се врати на 56-годишна возраст, со улогата на кечер во филмот „Борач“, која ќе му донесе номинација за Оскар за најдобра машка улога.„Боксот е важен дел од мојот живот. Тој ме научи на почит и одлучност, трпение и концентрација. Од секогаш сонував да имам меч во Русија&ldqu



