Како се запознавме: Малку поинакви холивудски приказни

Во светот на филмот се случива  помеѓу филмските партнери да избувне љубов за време на снимањето. Тоа веројатно е најчестиот начин на започнување врски во Холивуд. Но, има и малку поинакви приказни.Кери Малиган и Маркус Мамфорд
Актерката Кери и пејачот Маркус се допишувале како деца. Но, по извесно време изгубиле контакт. Се сретнале повторно кога веќе и двајцата станале познати, се вљубиле и едно врме беа во брак.

Мет Дејмон и Лусиан Барозо
Мет Дејмон ја запознал својата сопруга Лусијана во Мајами во 2003 година, каде бил на снимањето на филмот„Stuck On You“. Екипата од снимањето едвај го наговорила една вечер да излезат на пиво. Кога ја здогледал Лусијана која работела за клубот, веднаш знаел дека се вљубил. „Поуката гласи: кога сте уморни, соберете сила излезете некаде, можеби таму ќе ја запознаете идната сопруга“,вели на шала актерот.
Дејвид и Викторија Бекам
Дејвид се вљубил во Викторија кога го изгледал спотот „Say You`ll Be There“ на групата Спајс Грлс. Се сеќава дека тогаш помислил:„Еве девојка за мене и ќе дојдам до нејзе. Таа е поим за совршенство. Доколку ме прифати, знам дека вечно ќе бидеме заедно“.
Кејт Мос и Џејми Хинс
Славната манекенка и рокерот Џејми Хинс се запознале благодарение на Гугл. „Бев кај пријателка во јужна Франција, седевме и на Гугл гледавме мажи. Кога го здогледав реков овој ми се допаѓа“. Се венчаа во 2011 година.

Џим Тот и Риз Витерспун
Ловецот на таленти Џим Тот ја запознал Риз на забава така што и се извинил поради непристојното однесување на својот поднапиен пријател кој и додевал. Тие двајца на крај завршиле пред матичар.Кери Малиган и Маркус Мамфорд
Актерката Кери и пејачот Маркус се допишувале како деца. Но, по извесно време изгубиле конта

Пронајдете не на следниве мрежи: