Повредата на Боно посериозна од што се претпоставуваше: Се здоби со повеќе скршеници и 5 часа операција!

Повредата на пејачот на ирската рок група У2, Боно Вокс, кој во неделата беше опериран, е многу посериозна и тој ќе мора да оди на долготрајна физикална терапија по падот од велосипед, изјави во средата неговиот доктор.Ирскиот пејач падна од велосипед во Централ Парк минатиот викенд, додека У2 во Њујорк се подготвуваше да учествува во телевизиска емисија.
Според зборовите на докторот, операцијата врз Боно траела пет часа. Левиот лакт му е третиран, а скршената коска на раката му била зацврстена со три метални плочки со 18 шрафови, додаде Дин Лорич, ортопед во њујоршката болница.
„Ќе мора на интензивна рехабилитација, но прогнозите за закрепнување се добри“, додаде неговиот лекар!
За тоа дека падот не бил безопасен, говори и тоа што Боно се здобил со пукната аркада и повреда на левото рамо.
Боно минатиот месец во разговор за BBC рече дека очилата за сонце не ги носи постојано заради мода, туку затоа што со години боледува од глауком.
Не е познато како оваа незгода ќе влијае врз плановите на У2 која следната година требаше да ја одржи првата голема турнеја во чии рамки беа планирани стотина концерти ширум светот.
Засега единствено се знае дека групата би требало на 14 декември да настапи во Лос Анџелес на хуманитарната вечер која секоја година ја организира една радио станица.Ирскиот пејач падна од велосипед во Централ Парк минатиот викенд, додека У2 во Њујорк се подготвуваше да учествува во телевизиска емисија.

Пронајдете не на следниве мрежи: