Откако е објавена веста дека Шабан Шаулиќ на својата наводна љубовница Ивона Неговановиќ и купил автомобил, таа веќе нашла време да го удри. Цуца имала сообраќајна несреќа и во таа прилика удрила со автомобилот во бандера, а поминала без поголеми повреди.
„Цуца се чувствува добро иако е вознемирена и помина со неколку модринки. Сепак, автомобилот кој и го подари Шабан потполно е уништен. Таа во моментот на несреќата била сама во автомобилот кога автобус и го пресекол патот, и за да го избегне возилото Цуца нагло го свртела автомобилот и удрила во бандерата.
Ивона по прегледот во Ургентниот центар била пуштена на домашно лекување. За тој да не се грижи, дури неколку дена по несреќата му признала на Шабан што и се случило“, вели извор близок на пејачката.Цуца имала сообраќајна несреќа и во таа прилика удрила со автомобилот во бандера, а поминала без поголеми повреди.



