Соланж Ноулс (28) сестра на чуената Бијонсе, се омажи за своето долгогодишно момче, режисерот Алан Фергусон (51). Таа сигурно го планирала секој детаљ за овој ден, но сепак нешто морало да тргне напоаку. Папараците го фатиле моментот кога од деколтето на Соланж се видела леплива лента со која ги залепила градите. Соланж одвнатре го залепила делот од комбинезонот за дојката за да не се случи да се види нешто повеќе отколку што таа сака.
Младата Соланж, сестра на познатата Бијонсе, се омажи со своето 23 години постаро момче во Њу Орлеанс. Тие на венчавката стигнале на бели велосипеди, двајцата облечени во бело.
Но комбинезонот изгледа ја изненадил и почнал да се шири повеќе отколку што таа се надевала, па Соланж морала да импровизира.
Таа одвнатре со леплива лента го залепила комбинезонот за дојката за да не се случи на денот на венчавката да ги „израдува“ папараците. Сепак, лепливата лента на момент се видела и го открила нејзиниот проблем.
По венчавката била одржана забава на која имало 200 гости. Соланж и Алан го прославиле почетокот на бракот во кругот на семејството и блиските пријатели.
На Соланж ова и е втор брак. Таа од првиот брак со Даниел Смит го има синот Даниел Џулез.Таа сигурно го планирала секој детаљ за овој ден, но сепак нешто морало да тргне напоаку. Папараците го фатиле моментот кога од деколтето на



