Тамара Тодевска: „Имам докази и ќе ги покажам на надлежните институции“

Тамара Тодевска, пејачката која заврши на втората позиција на Скопје Фест, со освоени 12 поени од жирито и 8 поени од гласањето на публиката, на крајот замина со 15.000 евра.- Само сакам да се дознае за ова и тие луѓе да бидат казнети. Имам докази и ќе ги покажам на надлежните институции. Вакво нешто се случувало и во минатото – изјави вчера пејачката Тамара Тодевска за „Сител“.
– Единствена причина заради која разговарам со вас е тоа што сакам да ја дознаам вистината, дали сум била загрозена оваа или години наназад на разни фестивали, кога секогаш сум морален победник, и сум била втора… Ова е црна дамка за еден од најреномираните фестивали – Скопскиот фестивал – изјави Тамара.
– Таа да ја наречам криминална група би сакала да се казни како што заслужува, и да се обелодени вистината, бидејќи мене вистината ми е најбитна, дали сум била јас лани прва, и дали сум била оштетена па сум била втора, не зборувам за паричната награда, зборувам за мене како уметник, ние не работиме за пари, тие пари кои ги добиваме за наградите не се единствени заради коишто работиме, ние работиме цела година – изјави Тамара.
Тамара додаде дека кога ќе се дознае вистината, таа ќе излезе со доказите што ги има.- Само сакам да се дознае за ова и тие луѓе да бидат казнети. Имам докази и ќе ги покажам на надлежните институции. Вакво нешто се случувало и во м

Пронајдете не на следниве мрежи: