Популарната индиска актерка Мегна Малик (Амаџи) од серијата „Отфрлена“, се огласи по повод планирањето на семејство во Индија, односно стерилизацијата поради која до денес починале 13 жени.Благодарејќи на големиот медиумски притисок жените да почнат да се третираат како човечки суштества, уапсен е докторот кој ги изведувал операциите, но и одговорните кои се обиделе да го прикријат случајот и загубените животи да ги препишат како последица од нехигиенските услови во кои живееле жените. По масовната стерилизација починале 13 жени во државата Чатисгар, но тоа не е конечната бројка, со оглед на фактот дека десетици се наоѓаат во критична состојба во болниците.
– Станува збор за животите на 83 жени, помлади од 32 години. Тие биле стерилизирани во саботата, во рамките на владината програма за бесплатна стерилизација. Сакам да ве прашам, дали е тоа нормално? Со секој атом од моите сили ќе се борам да се фатат сите виновници за ова дело и да се изнесат пред лицето на правдата. Замислете ја агонијата на тие девојки кои по операцијата почнале да чувствуваат тегоби – повраќање, пад на пулсот и други компликации. Виновниците ќе завршат зад решетки поради смртта на невините жени – порача актерката.
Во Индија е вообичаено да се абортира второто дете, откако ќе се дознае дека ќе биде девојче. Ова се темели на истражување кое е резултат на последните неколку пописи на населението во Индија.Благодарејќи на големиот медиумски притисок жените да почнат да се третираат како човечки суштества, уапсен е докторот кој ги изведувал операциите,



