ОВА ГО КРИЈАТ КАКО ЗМИЈА НОЗЕТЕ: Кога ќе видите колку заработуваат и вие ќе пропеете!

Сите знаеме дека познатите пејачи немаат проблем со пронаоѓањето на ангажмани. Она што не сте го знаеле е колку го наплатуваат своето време на сцената. И додека голем дел од луѓето работат класична работа со смена од осум или повеќе часа за просечна плата, за пејачите на српската естрада тоа е непознат поим.Една од рекордерките по висината на хонорарот е Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа не знае за хонорар под 30.000 евра. Во договорите со организаторите секогаш стои дека ѝ е платен патот и сместувањето, па затоа оствраува „чиста“ заработка. Посебна работа се дочекувањата на Новата година, а Цеца го наплатува тој ангажман и до 35.000 евра. Според неофицијални информации, оваа година ќе го наплати настапот 100.000 евра!
Уште еден таков пример е Аца Лукас. Тој најмногу пее и прави невидена атмосфера. Кога ќе го понесе атмосферата, тој свири и пее подолго од договореното. Неговиот хонорар се движи помеѓу 8.000-15.000 евра. Воедно, Лукас спаѓа и меѓу пејачите кои имаат најмногу настапи на годишно ниво, дури 50. Тоа значи дека тој заработува помеѓу 400.000-750.000 евра, не сметајќи го дочекот на Нова Година.

Кога станува збор за поп изведувачите, нивен предводник е Жељко Јоксимовиќ, чиј хонорар се движи помеѓу 12.000-15.000 евра. За дочекот на Нова Година, тој може да земе и до 20.000 евра, а на годишно ниво настапува барем 25 пати. Тоа значи дека годишно заработува помеѓу 300.000-375.000 евра, без дочекот.
Кај музичарите од БиХ, на прво место се наоѓа Дино Мерлин, чии хонорари не се под 20.000 евра. Тој настапува околу 30 пати годишно, па со груба пресметка доаѓа до годишна заработка од импресивни 600.000 евра. Секако, во тие цифри не спаѓа и дочекот на Нова Година, кога пејачот наплатува и до 30.000 евра.
Хонорарот на Северина не е под 15.000 евра. Таа го намали бројот на настапи откако доби син, па годишно одработува околу 15 настапи. За Нова Година бара хонорар од 50.000 евра, што значи дека годишно заработува над 300.000 евра.
Пејачите на „Гранд“ земаат помали хонорари на почетокот од кариерата. Според извори, оваа продукциска куќа им зема дури 80% од договорената сума за настап. Сите нивни пејачи потпишуваат договор на шест години, а по истекот бираат дали ќе тргнат по свој пат или ќе потпишат нов договор на три години, кога „Гранд“ им зема 60% од сумата за настапи.Една од рекордерките по висината на хонорарот е Светлана Цеца Ражнатовиќ. Таа не знае за хонорар под 30.000 евра. Во договорите со организаторите с

Пронајдете не на следниве мрежи: