Наташа Беквалац помеѓу два огна: Го сака Љуба, а чува фотографии од поранешното момче

Иако има ново момче, пејачката на социјалните мрежи не избришала ниту една фотографија од поранешниот вереник.Наташа Беквалац (33) порачува дека  го сака  ракометарот Љуба Јовановиќ (32), а на сите профили на социјалните мрежи  и понатаму чува фотографии во прегратка на поранешниот вереник, манекенот Владимир Вуксановиќ (26)!
„Наташа не се срами од поранешните партнери. Таа одамна стави точка на врската со Владимир. Се што имаше да каже, му кажа лично, а за причините за раскинувањето никогаш не зборуваше јавно. И не се срами од нивните заеднички моменти. Напротив, се гордее со тоа“, вели близок пријател на Наташа, и додава дека сите нејзини партнери сега ѝ се блиски пријатели.

Но, на нејзините профили освен фотографии на Владимир, нема фотографии од други нејзини поранешни момчиња. Интересно е тоа што  Наташа не објавила фотографија од поранешниот сопруг Данило Икодиновиќ (38) со кој ја има ќерката Хана (8).
 Од друга страна, манекенот одамна ја избриша пејачката- како од животот, така и од социјалните мрежи на кои е многу активен.Наташа Беквалац

Пронајдете не на следниве мрежи: