Синот на пејачката Цеца Ражнатовиќ, Вељко се пожали дека мајка му го демнее. Вељко неодамна бил на журка, и се пофалил со пијалокот кој го пие, а што тоа го забележала на социјалните мрежи Цеца брзо изреагирала и му пратила порака.„Од 21 часот пиеш дупло виски! Ужас“, му напишала фолк ѕвездата на својот син, а тој и одговорил:
„Мамо, па тоа е мешано со енергетски пијалок. Пијам обична доза“, се обидел да се оправда Вељко, но се чини со оваа порака уште повеќе ја налутила Цеца.
„Уште и отров, енергетски пијалок“, загрижено одговорила пејачката, а за да ја орасположи Ражнатовиќ и да и даде до знаење дека не треба да се грижи и изјавил љубов.
„Те сака твојот син, престани да се грижиш“, гласела пораката на Вељко.„Од 21 часот пиеш дупло виски! Ужас“, му напишала фолк ѕвездата на својот син, а тој и одговорил:



