Пејачката Неда Украден беше пресреќна и горда кога по првата емисија на „Твоето лице звучи познато“ доби бројни комплименти на сметка на добриот изглед и секси кореографија, но во следните неколку емисии имитира мажи, што Неда жестоко ја разлутило.Неда три пати по ред имитира мажи и затоа на продукцијата им рекла дека не се договориле така и дека таа не сака да имитира само мажи.
„На Неда не и беше драго ни кога ј го доби Рамштајн, но некако помина преку тоа. Но потоа следуваше ладен тушкога доби задача да го имитира Бора Чорба. Иако негодуваше во гардероба и пред продукцијата, останатите колеги ја тешеа и и велеа дека таа е уметник и дека ќе може да го изнесе тоа како што треба, што малку ја смири Неда. Но кога и за следната епизода доби задача да имитира маж, пејачката едвај успеа да се воздржи во студиото и да не направи хаос! Мислам дека малку се стегна, бидејќи беше присутна публиката, па да не се посрами пред нив.
Штом го завршија тој дел само што не заплака. Бараше да разговара со организаторот и повторуваше дека тоа не е фер. Дури зборувала со некои од колегите и рекла дека се сомнева дека некој од организацијата има нешто против неа“, вели извор.Неда три пати по ред имитира мажи и затоа на продукцијата им рекла дека не се договориле така и дека таа не сака да имитира само мажи.



