Обожавателите на ирскиот актер Џејми Дорнан (32) се надеваа дека во филмот „50 нијанси сиво“ ќе видат се, но тој ги разочара. Тој во интервју за „The Observer“ открил дека нема да има сцени во кои од напред ќе биде прикажан сосема гол.„Доколку сакате филмот да го видат што повеќе луѓе, тогаш одбегнувајте да покажете некои работи. Во договорот кој го потпишав една од ставките е дека гледачите нема да го видат мојо пе*ис“, вели Џејми.
Тој зборувал за начинот на кој режисерката Сем Тејлор -Џонсон пристапила кон снимањето на сцените со секс.
„Сем е многу биста жена, па може да има некои сугестивни елементи, но јас не го сакав финалниот производ, па затоа не можам да кажам ништо. Свесен сум за тоа што го сниивме и тоа сигурно не деува како да немаше вистинска акција“, рекол тој.
Овој актер покажа во повеќе кампањи дека има совршено извајано мускулно тело, позирајќи помеѓу останатото за линијата долна облека на Келвин Клајн, но во филмот нема да оди многу подалеку од тоа, иако се очекуваше спротивното.
Најавата за филмот доби помешани критики, а филмот ќе се појави во кината на 13 февруари следната година.
„Нема да можам да ги задоволам милионите луѓе кои ја прочитале книгата. Ќе бидам среќен доколку ја задоволам половината глумејќи го Кристијан Греј. Знам дека веќе постојат групи на луѓе кои не ме сакаат. Но книгата не е исто што и книга“, вели Џејми.
Џејми е во брак со пејачката Амелија Вернер (32) година и пол. Првото дете го добиле во ноември минатата година.
Затоа многу се зборува за неговите сексуални сцени со Дакота Џонсон.
„Сите кои мислат дека актерот се возбудува за време на снимањето на секс- сцени се лажат. Десет влакнести мажи со кабли и опрема стојат околу вас, тоа не е воопшто секси, освен доколку не сакате да ве гледаат“, вели тој.„Доколку сакате филмот да го видат што повеќе луѓе, тогаш одбегнувајте да покажете некои работи. Во договорот кој го потпишав една од ставкит



