Аца Лукас: „Мислев дека ќе се урнеме и ќе загинеме“

Авионот од Дизелдорф во кој Аца бил со сопругата и ќерката западнал во силно невреме. Посадата паѓала, патниците врескале и се молеле.Аца Лукас заедно со сопругата Соња  и ќерката Викторија преживеал вистинска драма во авион кога во четвртокот навечер се враќале од Дизелдорф во Белград.
Иако планирале да патуваат во петок наутро, Соња во последен момент ги сменила резервациите за ден порано за да стасаат за роденденската прослава на пејачката Дајана Јакшиќ.
„Летот со авиотнот „Er Berlin 5754“ на 23 октомври делуваше сосема вообичаено. Полетавме во 21 часот, а пристигнувањето беше планирано за во 23.20. Но, во еден момент се се претвори во хорор филм. Мислев дека ќе загинеме“, раскажува Лукас за српски Курир и ги опишува ужасите кои ги доживеале.
„Цел час летавме во агонија и не знаевме дали ќе преживееме. Некаде на половина лет авионот го зафати невреме и почнаа турбуленциите какви до сега не сум доживеал, а сум имал толку летови и во полошо време. Го зграпчив детето и силно ја прегрнав бидејќи ми се стори дека ќе се урнеме. Соња само пребледе. Стјуардесите се превртуваа помеѓу седиштата, луѓето врескаа, се крстеа и се молеа на бога, не можев да поверувам што ни се случува. Владееше општа паника бидејќи никој не можеше да ни гарантира ниту пак да предвиди како ќе слетаме“, вознемирено раскажал Аца порачувајќи дека, за среќа, по еден час пилотот некако успеал да се избори со неверојатниот ветер и на крај безбедно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ 15 минути по полноќ.Аца Лукас заедно со сопругата Соња  и ќерката Викторија преживеал вистинска драма во авион кога во четвртокот навечер се враќале од Дизелдорф

Пронајдете не на следниве мрежи: