Скандал во шоуто „Хани Бу БУ“: Ќерката Ана жртва на злоупотреба, мајката во врска со напаѓачот

Едено од напознатите реалити шоуа  „Враќање на Хани БУ БУ“ престана да се емитува , објави телевизиската куќа TLC. Причината  за оваа одлука е појавата на Марк МекДаниел осуден за злоупотреба на дете, во улога на старо-нов партнер на мама Џун. За приказната да биде уште пострашна, една од ќерките на познатата тв мама, Ана  Кардвел раскажала дека овој маж ја злоупотребувал кога имала 8 години.„Не можам да верувам дека се гледа и се дружи со него, многу сум повредена“, рекла Ана.
Таа открила дека Марк МекДаниел (53) ја злоупотребувал во 2002 и 20003 година. Тој неодамна излегол од затвор каде служел 10-годишна казна поради приморување девојчиња на орален секс.
Во времето кога Ана трпела насилство Марк се забавувал со Џун. Случајот за злоупотреба на ова девојче завршил и на суд, но тв семејството се откажало од понатамошна тужба. Оваа тинејџерка изјавила дека тогаш молчела поради мајка и.
Но за обновата на нивната врска таа нема разбирање. Емисијата  „Враќање на Хани БУ БУ“ е откажана во петок. Веста за прекин на емитувањето го потврди и Џун на Фејсбук. Таа цело време  негира дека има било каква врска со Марк. Фотографијата од нејзе и Марк во кревет, која настанала минатиот месец, говори поинаку.

„Никогаш, никогаш не би ги довела децата во опасност, ги сакам премногу. Тој е мое минато, десет години не сум го видела и не сакам да го видам“, рекла  Џун.
Доказот дека минатиот месец му купила автомобил на го прокоментирала.
Таа додала дека е благодарна на TLC за се  што направиле за нејзиното семејство. Порачала дека таа и нејзините ќерки Ана, Лорин, Пампкин и најпознатата Алана и понатаму ќе продолжат да споделуваат семејни моменти со јавноста.
Контроверзното тв семејство од почетокот на емитувањето на шоуто предизвика жестоки коментари. Пред Марк, Џун се забавуваше со Шугар Боб, кој бил осудуван за подметнување пожар.„Не можам да верувам дека се гледа и се дружи со него, многу сум повредена“, рекла Ана.
Таа открила дека Марк МекДаниел (53) ја

Пронајдете не на следниве мрежи: