РАДА МАНОЈЛОВИЌ Е ТЕШКО БОЛНА: Ги откажа сите настапи, а на Фејсбук напиша…

Младата и популарна пејачка Рада Манојловиќ е огласи на Фејсбук за со своите фанови да ги сподели новостите, кои овој пат не се позитивни.Имено, бидејќи долго време не ги слушала советите од лекарите, Рада сега дојде во ситуација да е приморана поради нарушеното здравје да ги откаже настапите кои и биле закажани за ноември месец, но и да ја откаже промоцијата на својот нов албум.
– Драги мои, имам една информација за вас која знам дека нема да ви се допадне, не ми се допаѓа ни мене за жал, но исто така знам дека ќе ме разберете и подржите, кога ќе слушнете за што се работи. Пред се, вие знаете дека јас сум некоја која никогаш не откажала ниту еден настап, без оглед на тоа колку ми било лошо од здравствени причини. Често не ги слушав советите од лекарите па многу пати пеев со големи настинки, со температура и кога се чувствував многу лошо и исцрпено…Дури пеев и со вкочанет грб, во патики, со големи болки, иако докторите тоа ми го забранија.
Многу пати отидов свесно против своето здравје, во желба да не изнервирам никој од вас, кои ме чекате секој пат во некој град или дискотека. За жал сега поради проблеми со …

 

За жал сега поради проблеми со грлото кои ги имам веќе 2 месеци, од што никако не можам да се опоравам бидејќи постојано работам (но и поради предупредување од докторите дека ми е неопходен одмор од месец дена, за грлото да се одмори и врати во форма), принудена сум да ги откажам сите настапи во ноември.
Со самото тоа ќе ја преместам и премиерата на новиот албум, бидејќи не сакам тоа да биде лошо сработено и да не се појавувам во емисии и да ги промовирам песните како што треба. Вие не заслужувате такво нешто, туку само најдобро, а јас сакам тоа да ви го овозможам. Однапред ви благодарам на разбирањето и трпеливоста, сепак здравјето е во прашање, морам малку да мислам и на себе, немојте да ми замерите и знам дека ќе ме разберете.
Она што е сигурно е дека ова е мојот најдобар албум, дека ќе се вратам посилна од било кога и сигурна сум дека ќе ви се допадне тоа што сум ви го припремила. Воедно се заблагодарувам на сопствениците на дискотеките за разбирањето и на тоа што ми излегоа во пресрет во оваа ситуација, а наскоро ќе објавам нови датуми за настапите кои требаше да ги одржам во ноември. Многу ве сакам, ве бакнувам и ве молам за само малку трпение, бидејќи јас без вас и ваша поддршка и во ваква ситуација сигурно не би можела. Ве сака вашата Рада – заклучува Манојловиќ. Имено, бидејќи долго време не ги слушала советите од лекарите, Рада сега дојде во ситуација да е приморана поради нарушеното здравје да ги откаже н

Пронајдете не на следниве мрежи: