Поранешен учесник открива: Ова се ТАЈНИТЕ на „Големиот брат“

Како да го „преживеете“ реалното шоу, што се случува со натпреварувачите кога ќе изгаснат рефлекторите, а камерите ќе прекинат да снимаат, ќе дознаеме од човекот кој учествуваше во Големиот Брат – Карло Загорац. Карло Загорац во 2009-тата година влезе во куќата на Кошутњак и во нашите „дневни соби“ – го гледавме како се вљубува и се кара, а сега, кога договорот со продуцентската куќа со која потпиша пред да влезе во Големиот Брат истече, може да дознаеме и тоа што не сме го гледале на малите керани.
Карло неодамна на неговиот Јутјуб канал „Оној Карло“ започнал влог посветен на оваа приказна кој од ден на ден добива на популарност и е вистински хит на социјалните мрежи.

Договорот ми истече пред три години, но не бев подготвен да зборувам за сето тоа. Неодамна ми стана јасно дека луѓето сѐ уште не разбираат некои работи, не ја гледаат поентата на моето учество во реалното шоу, па на убедување од страна на мојот пријател решив да ја раскажам вистинската приказна. Досега луѓето добро реагираат, нема негативни коментари, а и тие кои не ме сакаат ги гледаат моите видеа… Тоа беше еден таен проект – целата ми беше да го коментирам шоуто на реален начин“, појаснил Карло за еден српски портал и додал дека има во план да издаде и книга во која престојот во реалното шоу ќе го спореди со затвор ( малку „порелаксирана“ верзија на затвор…).

 

Многу работи не се гледаат и не се знаат. Сакам да раскажам приказна за тоа како функционираат работите зад камерите и што се случува после… по излегувањето од Куќата ми беше лошо од сѐ, бегав од новинарите, а сега созреав, сето тоа ми е забавно. Сепак, сакам да ја раскажам приказната за луѓето и тинејџерите да сфатат каков е светот на реалните шоу-а во кој понекогаш и родителите ги туркаат“, кажал Карло мислејќи и на бројните музички натпревари кои секојдневно ги гледаме.

Сакам да го сторам ова за помладите кои се појавуваат во музички шоу натпреварувања или учествуваат во реални шоу емисии да разберат дека тоа нема да им смени апсолутно ништо во животот. Сакам да разберат дека сите ние сме еден  „продукт“ кој го користат  да си ја качат гледаноста и да профитираат“, кажал Загорац и потсетил на младата натпреварувачка од Х Фактор Илма Карахмет и нејзините солзи по испаѓањето од шоуто…
Иако е презадоволен од односот кој го имала продукцијата на Големиот брат кон него, Карло во неговиот влог ќе го појасни и фактот дека продукцијата добро знае „психолошки да ги пумпа“ натпреварувачите додека им е потребно, а потоа „кога ќе ги искористат за профитни цели едноставно ги снемува“. Карло Загорац во 2009-тата година влезе во куќата на Кошутњак и во нашите „дневни соби“ – го гледавме како се вљубува и се кара,

Пронајдете не на следниве мрежи: