ВОДИТЕЛКАТА ПРЕЖИВУВА ВИСТИНСКА ДРАМА: Ја нападнаа бремената Пишек

Хрватската водителка Николина Пишек, која е во петтиот месец од бременоста со сопругот Видоје Ристовиќ, е на мета на непријатели, како од Србија, така и од Хрватска. Тие ја обвинуваат дека не е грижлива мајка кон постарата ќерка Хана, што водителката мошне ја вознемирило, српски „Ало!“.Откако на Фејсбук поставила фотографии со својот труднички стомак, Николина ја дочекала лавина од навреди на нејзините виртуелни пријатели.
– Каде ти е детето, грижлива мајко? – прашала една постара госпоѓа, што водителката ја изнервирало, па ѝ дговорила:
„Едното е во мене, другото со мене, прегрижлива Милодарка, води сметка за своите грижи, и мети го својот праг. Да имаш ималку образ, не би се криела зад лажно име. Ако е тоа твоето вистинско име, прости, мое сочувство.“
Многумина ѝ порачале да се врати во Хрватска, алудирајќи дека треба да ја напушти Србија притоа не бирајќи зборови со кои ја почестиле.

– Лесно е да се биде спонзоруша и да се даде задникот под кирија – е само еден од непристојните коментари кои ги оставил еден од мажите на нејзиниот профил.
Иако Николина повеќе не се огласувала, веројатно водена од поуката „да не се спушта на нивно ниво“, лавината од навреди продолжила. 
За потсетување, ќерката на Николина од првиот брак, која има 16 години, се школува и живее во Загрeб, а Николина ја користи секоја слободна прилика да ја посети или повика во Белград.Откако на Фејсбук поставила фотографии со својот труднички стомак, Николина ја дочекала лавина од навреди на нејзините виртуелни пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи: