Роналдо Јуниор повеќе не прашува за својата мајка: Му кажале дека таа е во рајот

Ѕвездата на Реал Мадрид доби дете со непозната жена во 2010 година, а дури и се претпоставува дека станува збор за сурогат мајка. Но, неговиот син секојдневно се распрашува за неа.Четиригодишниот син на Кристијано Роналдо (28), сѐ уште не си ја знае мајката, а членовите од семејството немаат намера да му го кажат тоа.
Сетсрата на Роналдо, Елма, открила дека Роналдо Јуниор веќе не прашува за својата мајка, бидејќи му рекле дека таа се наоѓа на небото.
„Еднаш му кажавме дека мајка му се наоѓа во рајот, на брат ми нѐ замоли да не го повторуваме тоа. Сега му кажуваме дека е на патување. Се чини дека полека заборава на неа и не нѐ испрашува многу“, вели сестрата на Роналдо. Но, таа додаде дека нема да го спречи да дознае која е неговата мајка кога ќе порасне.
Фудбалерот и неговиот син живеат со неговата мајка Долорес во Шпанија. Друштво им прави и девојката на Роналдо, манекенката Ирина Шаик (28).Четиригодишниот син на Кристијано Роналдо (28), сѐ уште не си ја знае мајката, а членовите од семејството немаат намера да му го кажат тоа.

Пронајдете не на следниве мрежи: