Изгледа дека фолкерката Анета Наковска е решена да ги остави цигарите.Таа се пофалила на Фејсбук дека желбата за ова никотинско уживање веќе неколку дена ја заменува со други здрави навики и дека е решена овој пат да биде засекогаш!
“Сакам да споделам нешто, оти сум посебно среќна од неколку причини, ги оставив денес цигариштата одвратни и го започнав утрово како што одамна бев престанала, наместо со кафе и цигара, со чај и тибетантски вежби, а другото, што мнооогу ме весели, е моја слатка тајна”- напишала силиконската фолкерка пред два дена на оваа социјална мрежа, а потоа и додала дека конечно може да ужива во вкусот на кафето кој досега не го чувствувала заради цигарите.
Пријателите ја предупредиле да внимава на килограмите за да не се здебели доколку е цврсто решена да апстинира од пушење.
“Јас сум уникатна по тоа прашање, секогаш слабеам кога не пушам, оти пијам зелен чај редовно, алкохол ништо, само цигарите мене ме тераат на алкохол и кафе. Сега само едно дневно пијам, а онака ги пиев по три-четири. А јас пијам баш благо кафе, па сега ти види… Може две-три голтки домашно црвено вино со ручек и малечка чашичка домашна ракија исто со салата пред ручек и тоа понекогаш, не редовно. А со цигарите многу ми одеше ликери да пијам и тоа најмногу всушност дебелее. Пиев “драмбуе” (ми беше омилен пијалак), “саутерн комфор”, коњак, “бејлис”, “керолајнс”, ете такви најкалорични пијалаци, максимално две-три пијачки, но сепак, тоа најмногу дебелее… сега веќе нема!!!!- им објаснила Анета на пријателите.Таа се пофалила на Фејсбук дека желбата за ова никотинско уживање веќе неколку дена ја заменува со други здрави навики и дека е решена овој пат да