ГОГА СЕКУЛИЌ СЕ НАЛУТИ: „Една година го чистев гробот на Игор, сега нека го чистат неговите поранешни“

Јас немам свекрва, никогаш не сум ни имала. Мака ми е да зборувам за тоа, вели пејачката…Гога Секуиќ која пред нешто повеќе од година дена доживеа трагедија закопувајќи го сопругот Игор Рамовиќ после само неколку месеци брак, вели дека сега сака да продолжи понатаму, како и тоа дека сака да се оствари како мајка. Пејачката одлучи на целата приказна да и стави точка, и да почне од почеток.
„ Јас немам свекрва, никогаш не сум ни имала. Мака ми е да зборувам за тоа. Ги замолив пријателите и роднините веќе да не зборуваме за тоа. Цела година го одржував гробот на Игор, го чистев, плаќав луѓе да го чистат. Од мене е доста. Сега нека го чистат неговите бивши, и неговите родители. Игор остави две деца, а јас немам ниедно. Би сакала во иднина да се остварам како мајка. Тоа е бедно, да се избрише име од благодарницата на гробот. Игор знае што направив за него, делата се важни, а не зборовите. Мене совеста ми е мирна. Сакам само да одам понатаму,“ рече Секулиќ во емисијата Премиера во врска со тоа што нејзиното име е избришано од гробот на нејзиниот сопруг, и односот со нејзината свекрва.
Продолжува на следната страна:

 
Неодамна се појави информација дека сака да оди во манастир и да се замонаши, и по тој повод Гога откри дека посетуа манастир, и дека искрено сака да си го пронајде мирот.
„Ги постам големите пости, посетувам манастири,  неодамна бев во манастирот Острог.Ми доаѓа да пресечам, и да одам во манастир. Сакам да си го најдам мирот.“
Гога Секуиќ која пред нешто повеќе од година дена доживеа трагедија закопувајќи го сопругот Игор Рамовиќ после само неколку месеци брак, вели дека

Пронајдете не на следниве мрежи: