Пејачката Маја Николиќ постојано успева да ја шокира јавноста, како со своето однесување, така и со откритијата за кои долго молчела.Сега е решена да проговори за малтретирањето кое го доживеала од својот поранешен сопруг Вук Кандиќ, за кој тврди дека е виновен за нејзината најголема болка, а тоа е смртта на нејзината мајка.
Николиќ вели дека Кандиќ пред децата ја давел, а дека нејзината покојна мајка добила рак, бидејќи гледала како ќерка и ја уништува нејзиниот брачен партнер.
– „Решив да проговорам за ова бидејќи во последно време има се повеќе жени кои се злоставувани од своите сопрузи, а државата уште им ги одзима и децата. Пред 7 години Вук психички и физички ме злоставуваше и тогаш го пријавив, меѓутоа полицијата и власта не ми помогнаа па се откажав од борбата. Јас своето дете го изгубив и сега нема потреба да разговарам на таа тема“ – вели Николиќ, но на крајот се предомисли и сепак раскажа уште некои детали.
Погледнете на следната страна:
„Не ми удираше шамари, туку ќе ги завртеше рацете околу мене и ме давеше. Во полициската станица тогаш никој не ми помогна. Моите деца и мајка сето тоа го гледаа…Што понатаму да ви кажам,,,мојата мајка гледајќи го тоа се разболе и доби рак. Поради тоа што тој ме малтретираше, таа почина. Се бореше 7 години, и затоа ми е многу тешко да зборувам на таа тема,“ вели Маја Николиќ која се надева дека Синди – Ивана Стаменковиќ, ќе се избори да ја добие назад својата ќерка Петра.
„Таа има среќа бидејќи има право на жалба. Ете гледате, нејзиниот сопруг има врски и затоа го доби старателството. Жал ми е и за неа и за сите мајки на кои им е одземено правото на сопственото дете. Страшно е тоа што се случува во земјава. Се прашувам, дали ќе се појави некој кој ќе застане на патот на неправдата…Губам надеж,“ додава пејачката.Сега е решена да проговори за малтретирањето кое го доживеала од својот поранешен сопруг Вук Кандиќ, за кој тврди дека е виновен за нејзината најго



