Македонија ќе се откаже од понатамошно учество на Евровизија?

Македонската радио-телевизија, како полноправна членка на Европската радиодифузна унија, со лиценца за организирање и учество во најголемиот музички натпревар во Европа – „Евровизија“, оваа година реши да го слушне мислењето на граѓаните на Република Македонија.За таа цел, МРТ спроведува анкета во која засега учествувале 12.757 Македонци, од кои  6803, односно 48 проценти, одговориле дека Македонија не треба воопшто да учествува на „Евровизија“, пренесе Република.
4.529 од нив велат дека македонскиот претставник треба да биде победникот на „Скопски фестивал“, а најмал процент и 1.425 од испитаниците велат дека македонскиот претставник треба да се избере по пат на внатрешна селекција во МРТ.
Анкетата на страницата на Македонската радио-телевизија сѐ уште трае. Вашиот глас овој пат може да промени нешто.
Своето мислење може да го дадете на следниов линк.За таа цел, МРТ спроведува анкета во која засега учествувале 12.757 Македонци, од кои  6803, односно 48 проценти, одговориле дека Македон

Пронајдете не на следниве мрежи: