Поминаа пет години од смртта на најпознатата поп ѕвезда Мајкл Џексон, кој почина ва 2009 година.Неговите поранешни телохранители Џавон Бирд и Бил Витфелд тврдат дека Мајкл бил грижлив и нормален човек кој внимателно се грижел за неговите деца и дека медиумите му го уништија животот. Тие додадоа дека иако бил ексцентричен, неговото однесување на никого му нема наштетено.
Да потсетиме, тој има три деца: ќерката Парис и синовите Принц и Бленкет.
„Имавме шанса да видиме дека е во постојана комуникација со нив и дека Мајкл со внимание им помагаше во секојдневните обврски. Може да се рече дека единствената чудна работа е тоа што во неговиот дом немаше телевизор и интернет. Сакаше да ги заштити од лошите работи кои медиумите ги пишуваа за него“, раскажуваат тие.
„Да, тој беше ексцентричен човек и бидејќи имаше богатство од 280 милиони долари, буквално се случуваше кога ќе влезе во една продавница да ги купи сите работи, истите тие работи се случуваа кога ќе влезе во некоја книжарница. Едноставно, сакаше да им пружи се` на своите деца“, завршуваат тие.
Да потсетиме, Мајкл Џексон почина поради прекумерна употреба на лекови.Неговите поранешни телохранители Џавон Бирд и Бил Витфелд тврдат дека Мајкл бил грижлив и нормален човек кој внимателно се грижел за неговите деца



