Иако образованието не треба да се поистоветува со инелегенцијата, зачудувачки е колку славни холивудски актери, пејачи и други познати личности немаат завршено средно образование.Кетрин Зета Џонс
Една од најубавите актерки во светот на само 15 години го напуштила средното училиште, кога се преселила во Лондон и започнала со совјата актерска кариера. Таа продолжила да се школува во Лондонската уметничка школа, но никогаш не завршила средно образование.
Николас Кејџ
Тој е всушност внук на познатиот режисер Франсис Форд Копола, па оттаму и актерскиот ген во него. Кејџ го напуштил училштето на 17 години за да се посвети на актерската акриера, а вече една година потоа ај добил својата прва улога во филм.
Роберт де Ниро
Тој два пати се запишувал во приватни училишта во Њујорк, но сепак не завршил средно образование. На 17 години го напуштил училиштето, а од 1960 почнал да посетува едно филмско студио.
Роберт Дауни помладиот
Роберт веќе од мал се појавува пред камерите, поточно на 5 години кога се појавил во еден филм со татко му. Кога имал 17 години, неговите родители се развеле, а тој го напуштил училиштето. Потоа западнал во проблеми поради дрога, но брзо се вратил на нозе.
Камерон Дијаз
Таа на 17 години го напушта училиштето за да започне кариера како манекенка. Потоа од манекенските запливува во холивудските води, каде што е до ден денес.
Дру Баримор
Дали се сеќавате на малото девојче од филмот за И-Ти? Да, тоа беше Дру на 7 години. Дру била многу проблематична тинејџерка и многу млада престанала да се школува, но за среќа успеала да се извлече од лошите денови и денес ужива во се што Холивуд и нуди.
Џони Деп
Тој го напушта училиштето на 13 години за да стане рок ѕвезда. Бендот во кој членувал бил популарен локално, но брзо пропаднал. Потоа, по налог на Николас Кејџ, Џони почнал да се бави со актерство, за денес да стане еден од најпосакуваните луѓе на светот.
Ал Пачино
Еден од најдобрите актери во холивудската историја, но претходно многу лош ученик. На 17 години го напушта училиштето бидејќи паднал на сите предмети, освен на Англиски. Потоа му се раѓа желба за опера и за драма, па така станува актер.
Квентитн Тарантино
Тарантино е вистински доказ дека еден човек може да е одличен во својата професија и без соодветно образование. Тој на 16 години го напуштил училиштето убеден дека самиот себе ќе се научи повеќе работи за животот отоколку в клупа.
Принцезата Дајана
Сите велат дека кога го запознала Чарлс била воспитувачка во градинка, но всушност Дајана таму работела како помошничка, затоа што немала соодветно образование за да биде воспитувачка. Потоа се преселила и се школувала во Швајцарија, но и тоа школо никогаш не го завршила.Кетрин Зета Џонс
Пронајдете не на следниве мрежи:



