Потресно писмо на Јелена Карлеуша во врска со поплавите, децата без покрив над главата…

Јелена Карлеуша покажа дека пред се` е хумана жена, а потоа јавна личност. Поп ѕвездата на својот профил на Фејсбук објави потресно писмо, кое предизвика лавина на позитивни коментари. Ние во целост ќе ви го пренесеме нејзиниот статус.- Прочитајте. Децата во прифатилиштата ги напаѓаат вошки и шуга. Таквите деца ги шишаат до глава и ги одвојуваат од останатите. Децата не се капат со денови. Немаат каде. Не се пресоблекуваат. Немаат во што да се пресоблечат. Имам две деца и ова страшно ме погодува. Во секое дете го гледам моето. Затоа не застанувам. За мене лично, за мојот душевен мир, значи да помогнам колку што можам. Не затоа што ќе ми донесе некаков маркетинг, бидејќи ми се е*е за тоа. Маркетингот во животот ми донесе само зло. Туку, затоа што веќе со денови ме ГРИЗЕ совеста кога ќе си дојдам дома, ќе се истуширам, гледам телевизија, легнам во чист кревет, а во ист момент некоја мајка со ишишано дете и со валкани алишта ќе легне на бетон во некое прифатилиште. Во животот моментално имам само една желба. Да им се помогне на тие луѓе. Моите пари, мисли и бессони ноќи им ги посветувам на мојот народ во Србија, на настраданите браќа Босанци поради кои душата ме боли, затоа што знам колку се сиромашни и напатени, а сепак се големи, како и на несреќниот народ во Хрватска. Ова е прв и последен пат да напишам вакво нешто, бидејќи од зборови нема фајде. Само делата значат во моментот. Не ни размислувам за враќање на музичката сцена. Засега. ЈК – напиша Јелена.
 

Post by Jelena Karleusa.
– Прочитајте. Децата во прифатилиштата ги напаѓаат вошки и шуга. Таквите деца ги шишаат до глава и ги одвојуваат од останатите. Децата не се капат

Пронајдете не на следниве мрежи: