Презентерката на вестите на МТВ Маријана Димовска е суспендирана од работа, поради разголената фотосесија за “Вест”, која излезе минатата сабота, пишува весникот. Маријана, за “Вест”, за прв пат ги облече парчињата од колекцијата “Дибијаџо” на дизајнерката Марија Дибијаџо, Македонка која живее во Њујорк. Парите од продадените парчиња од колекцијата Дибијаџо планира да ги донира за слепите лица во Македонија. Дибијаџо подготвува нова колекција на спортска опрема и на класични модели, со цел да собере пари за операции и за лекување на слепите кај нас.
“Mи се јави колешка од МТВ и ме праша зошто треба да ме смени на вести. Јас $ одговорив дека нема потреба од тоа, сe до утрово, кога разбрав дека МТВ нема да ми го продолжи договорот. Три часа пред да ми започне смената, ме викна директорот на МТВ, кој ми соопшти дека веќе немаат потреба од мене, поради тоа што фотографиите објавени во 'Вест' се косат со политиката на куќата. Се договоривме спогодбено да не го потпишам договорот, кој ми истекува на први јуни. Јас не им одговарам ним, мене не ми одговара хонорарот. Во МТВ не бев вработена, имав авторски договор, кој го продолжував секој месец. Од она што го слушнав, ако е вистина, ова била идеја на уредниците. Ме чуди, ако толку им пречеле сликите, зошто не ме суспендираа веднаш откако излезе весникот во саботата? Јас водев вести и во саботата и во понеделникот”, ни изјави вчера Маријана во телефонски разговор. Водителката додава дека е горда на својата фотосесија без градник, најмногу поради тоа што ја направила во хумани цели, за помош на слепите лица. Нејзин следен план е, како што ни раскажа, да одмори и да патува низ Европа, нешто за што немала можност откако беше ангажирана во МТВ. “Ми олесни, и така три месеци не сум зела хонорар”, додаде водителката. (М.Џ.)
МТВ: Налето немаме потреба од хонорарци Од МТВ, пак, велат дека фотосесијата во “Вест” не е причина за непродолжување на договорот. “Причина за непродолжување на договорот на Маријана не е фотосесијата, ниту тоа што била на насловна страница на 'Вест', туку главно е што летно време немаме потреба од хонорарци. Не сакам да се меша едно со друго. Маријана не доби отказ, таа не е вработена за да добие отказ. Со неа имавме авторски договор и тој договор истекува на први јуни. Не е само таа, договорот не им е продолжен и на други работници. Причината за тоа е што иде лето, има Светско првенство во фудбал, дури, можеби, нема ни вести да има. Од први септември, доколку има потреба, можеби, повторно ќе ги активираме. Ќе го кажам моето лично мислење како уредник, а тоа е дека она што го направи со фотосесијата не е во ред. Во МРТВ имаме етички кодекс за однесување на сите вработени и фотосесијата се коси со договорот. Среќа што Маријана не е вработена, зашто да беше, поради фотосесијата ќе беше на дисциплинска. Таа го прекрши кодексот и, како хонорарец, не можам да ја казнам со ништо, освен да не се продолжи договорот”, вели Диме Ратајкоски, одговорен уредник на првиот програмски сервис во МТВ.
Извор: Вест
(В.М.) Фото: В. ТануровскиМаријана, за “Вест”, за прв пат ги облече парчињата од колекцијата “Дибијаџо” на дизајнерката Марија Дибијаџо, Македонка која ж



