Заврши 59-тото издание на Евровизија: Победник е Австрија

Пејачката Кончита Вурст со освоени 290 поени и ја донесе втората победа на Австрија на Евровизија. На второто место се пласираше Холандија, а на третото Шведска.По спектакулрарното шоу кое траеше речиси 3,5 часа, конечно се обзнани победникот на овогодинешното издание на Евровизија што се одржа во Копенхаген, Данска. Публиката пред малите екрани и стручните жири комисии во телевизиските куќи едногласно ја прогласија за победник австриската претставничка, трансродната пејачка Кончита Вурст.
Кончита со својата појава предизвика низа реакции, и негативни но и позитивни. Од 37 земји со право на глас оваа година, Австрија доби максимални 12 поени од 13 земји, додека пак 4 земји не и дадоа ниту еден поен. Ова е втора евровизиска победа за Австрија по онаа во 1966 година на Удо Јургенс.
Второто место припадна на Холандија и дуото The Common Linets кое ја изведе кантри баладата Calm After The Storm, додека на третата позиција се пласираше Шведска која ја претставуваше Сана Нилсен со песната Undo.

 
Целото шоу и процесот на гласање помина во најдобар ред без поголеми технички проблеми. Гласањето им приреди многу шокови на фановите. Азербејџан и Грција кои важеа за фаворити завршија на 20тото и 22рото место. Португалија ја остави Шпанија без бодови, а Сан Марино истото и го направи на Италија. И во многу земји беше намален интензитетот на соседското гласање. Руските претставнички, и покрај одличниот настап и пласирањето на 7мото место, постојано беа исвиркувани од публиката поради актуелните случувања помеѓу Русија и Украина.

Преносот од финалната вечер го проследија преку 180 милиони гледачи. За прв пат, Кина го пренесуваше големото евровизиско случување. Се уште се очекуваат и офцијалните извештаи за преносот, поради сомневањата дека белоруската телевизиска куќа го цензурирала настапот на Кончита, што можеби била главната причина поради која Австрија не доби ниту еден поен од Белорусија.По спектакулрарното шоу кое траеше речиси 3,5 часа, конечно се обзнани победникот на овогодинешното издание на Евровизија што се од

Пронајдете не на следниве мрежи: