Австралијанецот Том Нојвирт, под уметничко име Кончита Вурст ја донесе Австрија до победа со песната на Евровизија “Rise Like a Phoenix”. Второпласирана е Холандија а на трето место се најдоа шведските претставници.Министерот за култура на Австрија Јозеф Остермајер изрази големо задоволство за победата на Австрија и кажа дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на ова натпреварување следната година.
Инаку Toм е роден во Гмунден во Горна Австрија, а израснал во Bad Miterndorfu. За прв пат во 2006 година с епојавува на телевизија, кога учевствувал во шоуто „Старманиа“ каде освојува второ место. Една година подоцна тој бил член на бој-бендот Ject anders (Jetzt anders), а после распадот кариерата му останала во мирување.
Откако во 2011 година завршил училиште за моден дизајн, тој учевствувал во шоуто „Голема шанса“, каде излегол за прв пат во јавноста како Кончита Вурст.
Уметничкото презиме Вурст го избрал бидејќи тоа на австриски значи „сеедно“, со што сакал да покаже дека најважен е човекот а не неговиот пол.
Хомосексуалниот уметник го избрал името Кончита по својата другарка од потекло од Латинска Америка, а одлуката за да стане жена со брада ја донел бидејќи уште од неговото раѓање бил соочен со дискриминација.
Пред две години учествувал во квалификациите за Евровизија, но тогаш не успеал да го освои првото место. Дури минатата година тој од страната на стручното жири е избран за претставник на Австрија на Евровизија.
Уште пред заминувањето во Копенхаген Нојвирт најавил дека нема да се откаже од својата уметничка личност- Кончита.
Принципиелно не ја исклучуваме можноста дека некогаш ќе ја остави периката дома но тоа нема да биде сигурно во блиска иднина.
„Мојата мисија ќе биде исполнета кога повеќе нема да се зборува за тоа кого смееме да сакаме а кого не“- рекол тој тогаш!
Заминувањето на Кончита Вурст на Евровизија било критикувано во делот на аустриската јавност која околу оваа личност била потполно поделена. Така некои познати уметници но и политичари говореле дека е срамота една ваква личност да ја претставува земјата.
Но , ете се случи.Министерот за култура на Австрија Јозеф Остермајер изрази големо задоволство за победата на Австрија и кажа дека се радува што неговата земја ќе би



