Тијана и нејзиниот тим за жал нема повторно да ги видиме на големата сцена во Сабота.Сношти се одржа второто полуфинале од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. 15 земји се натпреваруваа за влез во големото финале на 10ти Мај, но само 10 од нив добија можност да се борат за победата во Сабота.
Македонија, на наше големо разочарување, не успеа да обезбеди пласман во големото евровизиско финале. Како и да е, им честитаме на Тијана и останатите за одличниот настап и претставување на Македонија во најдобро светло.
10те земји кои обезбедија пласман во големото финале се: Швајцарија, Словенија, Полска, Романија, Норвешка, Грција, Малта, Белорусија, Финска и Австрија.
Резултатите од синоќешното гласање малку доцнеа поради технички проблеми. Допрва се чека главниот извршен директор на Евровизија, Јон Ола Санд да каже за какви проблеми станувало збор.
И синоќешната вечер помина со интересни моменти. Мошне забележителни беа акробатот на сцена за Грција, падобранецот на Грузија, холограмот на Романија, но најзабележителна и најконтроверзна појава сама по себе беше австриската претставничка, трансвеститот Кончита Вурст.
Во големото финале како главни фаворити за победата се наведуваат Шведска, Велика Британија, Ерменија, Унгарија и Австрија. Останува да го проследиме големото евровизиско финале во Сабота и да видиме каде ќе се одржува јубилејното 60то издание на Евровизија наредната година.Сношти се одржа второто полуфинале од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија. 15 земји се натпреваруваа за влез во големото финале на 10ти Мај
Пронајдете не на следниве мрежи:



