Анџелина Џоли: Мислев дека никогаш да почувствувам вистинска љубов!

Се сеќавате на мистериозната и промискуитетна Анџелина Џоли, онаа девојка што ја носеше крвта на својот сопруг околу вратот и која сподели страствен бакнеж со својот брат?Тука не стануваше збор за никакво бунтовништво, раскажа Џоли за магазинот Ел. Тогаш бев 20-годишна девојка која што сакаше да си го пронајде својот пат во животот.
„Тоа не беше потреба да бидам деструктивна или бунтовна, туку сакав да си го пронајдам моето вистинско јас, да ги урнам ѕидовите околу себе. Сакаш да бидеш слободен. И кога ќе почуствуваш дека твојот живот станува еден вид на рутина, се спротивставуваш. Тоа може да има несакани последици, може погрешно да се разбере, но само се обидуваш да дознаеш всушност кој си“, раскажува 38-годишната актерка.
Но, кој би помислил дека ќе дојде толку далеку?
Денес таа е мајка на шест деца и свршена е за Бред Пит.  

 
„Не верував дека некогаш ќе имам деца, ниту дека вистински ќе се заљубам. Кога некој израснал во разделено семсјство, прифаќа дека работите не изгледаат како во бајките и не се гледа така на животот“, продолжи Џоли.
„Среќна сум што го запознав Бред. Ја црпиме инспирацијата еден од друг, меѓусебно се надополнуваме и понекогаш се излудуваме на прекрасни начини. По сиве овие години, ние имаме историја – а кога некој со некого има такво нешто, вие сте пријатели на еден искрен и длабок начин, бидејќи имате поминато низ се` и сешто“.
Џоли и Пит не ги охрабруваат своите деца да одат по нивните стапки, ниту пак да бидат дел од јавниот живот.
„Бред и јас одлучивме дека нема да им вршиме притисок на нашите деца. Но, навистина би сакала да се занимаваат со некоја друга професија“.
Тука не стануваше збор за никакво бунтовништво, раскажа Џоли за магазинот Ел. Тогаш бев 20-годишна девојка која што сакаше да си го пронајде својот

Пронајдете не на следниве мрежи: