недела, 29 ноември 2026
Најново

Хара Мата Хари со негативен коментар за натпреварувачите на X Фактор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачот Хари Верешановиќ или повеќе познат како Хари Мата Хари во едно интервју за српски медиум го дава своето мислење за актуелното музичко шоу Х фактор.Неодамна Хари Мата Хари беше гостин на моментално најактуелното музичко шоу на Балканот, Х Фактор, но неговото мислење за ваквиот вид на натпреварувања не е воодушевувачко. Имено Хари во едно интервју за српски медиум бил запрашан што мисли за ваквиот вид на натпреварувања, на што тој одговорил дека тоа е погрешен начин за да се гради кариера, а како објаснување тој го кажа следново:

 
„Во овие натпреварувања во последните пет години сум слушнал добри пејачи. За жал, никој ништа не направил. Тука е погрешно што вистинските ѕвезди се шоуата и телевизијата, а не пејачите. Кариера треба на друг начин да се гради, пејачот сам да се посвети  на она што сака да го прави. Мораат да си ја пронајдат својата улога, својот израз и пораката која сакаат да ја пратат на публиката. Додека сето тоа не го пронајдат, од нив нема ништо. Тие деца сакаат да бидат познати, а не ја сакаат популарноста која се стекнува со добра работа. Тие пејат туѓи песни, на странски јазик, па тогаш каква улога можат да имаат, па нема да одат во Англија и таму да прават кариера“ објаснил Хари зашто има такво мислење генерално за ваквите музички натпреварувања.Неодамна Хари Мата Хари беше гостин на моментално најактуелното музичко шоу на Балканот, Х Фактор, но неговото мислење за ваквиот вид на натпревару

Поврзани вести