Германскиот весник „Титаник“ ги шокираше сите со својата статија за Шумахер. Притоа, во весникот била објавена фотографија од Ники Лауда, по тешката повреда, со опис дека ова е последната слика од Михаил Шумахер, кој повеќе од еден месец е во вештачка кома.
Во текстот има многу споредби на Лауда и Шумахер, што секако ја згрози светската јавност.
Австрискиот возач се одлучи да го тужи весникот поради овој текст, а најверојатно на истиот чекор ќе се одлучи и семејството на Шумахер.
– Ова е болно и изопачено. Трагедијата ја претворија во забава. Се прашувам, каква личност може да објави вакво ѓубре? Ќе поднесам тужба, вели возачот.
Германскиот весник оди дотаму што нуди и играчки за деца во која главен лик е Шумахер на стазата за скијање каде и ја доживеа страотната несреќа, поради што беше подложен на две тешки операции. Фигурата оди по полиња, па продолжува кон еден камен каде Шумахер се удира, па завршува во болница.
Инаку, магазинот е направен во 1979 година, а од тогаш дури 35 изданија биле забранети за продажба.Притоа, во весникот била објавена фотографија од Ники Лауда, по тешката повреда, со опис дека ова е последната слика од Михаил Шумахер,