Најпосакуваниот актер Бали Бег во депресија: Го изневери вереницата

Веројатно си го поставивте прашањето: која е таа што би можела него да го изневери? – Токму тоj, најпосакуваниот турски актер! Ако сакате верувајте, ако сакате не, но тоа им се случува и на најубавите и најпосакуваните луѓе на светот.Бурак Озџивит,актерот по кој цел свет воздивнуваа кој се прослави по улогата на згодниот Бали Бег од турската серија „Величествениот“, е изневерен од неговата вереница. Медиумите пишуваат дека тој ја оставил Џејлан Чапа, бидејќи се гледала со друг маж. Додека тој го славел роденденот, таа се забавувала во друга дискотека со некое момче.
До неодамна најавуваа спектакуларна венчавка и изјавуваа дека се позаљубени од кога било, но сепак се пред крај на веридбата.
Колегите на Бали Бег му приредиле изненадување за 29-от роденден, но депримираниот актер не сакал да продолжи во дискотека и си заминал дома.
-На почетокот на врската имаа проблеми бидејќи Џејлан беше љубоморна на неговата популарност и обожавателките кои го прогонуваа. Ситуацијата во последните месеци се промени. Се оддалечија, а таа постојано излегуваше. Додека тој седеше сам за роденденот, таа се забавуваше, изјавиле пријатели на парот.
На социјалните мрежи веднаш се јавија неговите фанови кои му порачаа да не тагува, бидејќи има милион жени кои би сакале да се на местот на Џејлан.Бурак Озџивит,актерот по кој цел свет воздивнуваа кој се прослави по улогата на згодниот Бали Бег од турската серија „Величествениот“,

Пронајдете не на следниве мрежи: