Никогаш не можев да се замислам во дует, но кога веќе тоа се случи, мило ми е дека е со Маринела Џогани. Супер се согласуваме и се дружиме. Мислам дека тоа што не споија е полн погодок, изјави Филип Јаневски-Фифи за Дневник, откако успеа да се пласира во полуфиналето на шоуто „Х-фактор“.Нашиот кандидат и ќерката на Џоле Џогани и Слаѓа Делибашиќ, Маринела, прво беа елиминирани од натпреварувањето. Но судиите одлучија да ги вратат и да им дадат шанса повторно да се претстават во дует во категоријата на бендови, чиј ментор е Kристина Kовач.
Со Маринела сме супер тим
Во емисијата што беше емитувана во вторникот на ТВ „Сител“, Фифи и Маринела ја изведоа нумерата „I was here“ од Бијонси, а Kовач со помош на својата пријателка и музичарка Леонтина Вукмановиќ реши да ги „пушти“ во полуфиналето.
– Премногу сум среќна бидејќи судиите се одлучија да ми дадат втора шанса и да ме вратат во шоуто. Отсега нема да настапувам сама и сум со мојата драга другарка Маринела Џогани. Се надевам дека на публиката ќе и приредиме вистинско шоу – објаснува Фифи и додава дека атмосферата зад камерите била исклучително напната додека се одлучувало кој ќе оди понатаму.
Откако „Х-фактор“ почна да се емитува, се крена голема прашина за сексуалната ориентација на Фифи, кој е роден како машко, но се чувствува како девојка. Kога имал пет години, почнал да сфаќа дека нешто не е во ред. На 12 години почнал да се изразува како девојче.
– Воопшто не ми се допаѓа тоа што луѓето секогаш зборуваат за мојата интима и сексуална ориентација. Но очекував тоа да се случи и го прифатив сосема смирено и разумно, бидејќи знам дека во светот постојат добри и интелигентни луѓе, кои можат да ме разберат, да ме прифатат и да го слушаат мојот глас без притоа да ме осудуваат – додава Фифи.
Kога прв пат се претстави на аудицијата за „Х-фактор“, се појави и еден проблем откако членот на жирито Жељко Јоксимовиќ беше во дилема како да му се обраќа на Фифи. За овој случај и за тоа дали смета дека српскиот пејач ги заслужи сите негативни коментари од ЛГБТ-здруженија, Фифи вели:
– Мене ми е голема чест и задоволство што ЛГБТ-заедницата застана зад мене. Тие докажаа дека се вистински борци. Секој го добива тоа што го заслужува.
Личната приказна на Фифи е прикажана и во документарецот „Би се викал Барбара“.
– Искрено се надевам дека со овие чекори што ги преземам правам барем мали промени во нашето општество и оти успевам да ја кренам свеста барем на одреден број луѓе. Kраткиот документарец што го снимив не е ниту делче од тоа што јас и луѓето како мене го поминуваат во секојдневниот живот на овие простори. Во иднина ќе има поголеми проекти со кои ќе можам да им покажам на луѓето дека сме исти и еднакви и единствена работа за која треба да се бориме се нашата среќа и љубовта – додава Фифи.
Извор: ДневникНашиот кандидат и ќерката на Џоле Џогани и Слаѓа Делибашиќ, Маринела, прво беа елиминирани од натпреварувањето. Но судиите одлучија да ги вратат и
Пронајдете не на следниве мрежи:



