Како Македонците се подготвуваат за следната емисија на X – Фактор?!

Емина и Кики во минатата емисија на талент шоуто Х-Фактор ги одбраа кандидатите кои ќе поминат во следното ниво на натпреварувањето, пеењето на голема бина.Во емисијата која следи ќе видиме каков избор ќе направат Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач, кои ќе треба да изберат по три од своите кандидати. Во групата на Жељко, веќе знаеме, се наоѓа нашиот Даниел Кајмакоски, а во групата на Кристина Фифи, браќата Кико и Иван Раденови.

Кристина Ковач побара помош од социјалните мрежи во изборот за името на машкиот бенд од нејзината група, а ако предлогот ги инспирира и им се допадне ветува дека авторот ќе помине неколку часа со бендот. Нивните предлози до сега се: Доктори, Пулс, Пета страна света и Совршен круг, слободно предложете и вие, па можеби ќе добиете дружба во Белград.

 

Жељко ги подготвуваше своите кандидати во студиото и ги подучуваше на некои цаки за кои смета дека ќе им помогнат да бидат што подобри. Во студиото беа Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ и нашиот Даниел Кајмакоски.
Во студиото, во весела атмосфера паднаа и неколку фотографии кои можете да ги видите во фотогалеријата која ја подготвивме за вас, а наскоро се надеваме и на повеќе фотографии од остатокот од кандидатите, меѓу кои и нашата Фифи и браќата Раденови.Во емисијата која следи ќе видиме каков избор ќе направат Жељко Јоксимовиќ и Кристина Ковач, кои ќе треба да изберат по три од своите кандидати. Во

Пронајдете не на следниве мрежи: