Првите елиминации во Х-Фактор завршија… Емина Јаховиќ емотивна, Кики Лесендриќ мртов ладенВо шоуто кое траеше повеќе од два часа, конечно се познати имињата на првите шест кандидати кои продолжуваат понатаму. Двајцата членови од жирито, Емина и Кики имаа навистина тешка задача. Секој од нив беше домаќин на сопствените ученици во нивните домови. Оние кои беа во домот на Емина имаа огромна среќа да го посетат Истанбул, домот на познатата пејачка, која ги прошета низ градот. Но и покрај дружењето мораше да се донесе тешка одлука.
Емина Јаховиќ многу приврзана и емотивна кон нејзините шест кандидати, мораше да ја донесе конечната одлука. Нејзина помош и беше сопругот, турскиот познат пејач, Мустафа Сандал, кој беше воодушевен од изведбата на сите кандидати и не штедеше на комплименти.
Затоа и толку долго не можеа да се одлучат. Прв кој продолжува е Лукијан Ивановиќ, по него младиот Харис Чато и на крај Алекса Перовиќ. На големо изненадување, младиот Чолиќ, попознат како Перчоли не успеа да обезбеди место за понатаму.
За разлика од атмосферата кај Емина, кај Кики беше малку поинаку. Шесте девојки настапија, но не сите воодушевија. Помошник ментор на Кики му беше англискиот радио водител, Скот Милс, кој исто така беше воодушевен од девојките. Она што беше интересно е што и двајцата имаа различни ставови околу девојките, но на крајот успеаа да се согласат.
Од неговата група и покрај тоа е навистина многу млада, сепак пројде 13 годишната Илма Карахмет, по неа зелено светло доби и Александра Брковиќ и последна која успеа да помине е Тамара Милановиќ.
Сепак, ова не е крајот за оние натпреварувачи кои не успеаа да влезат. Тие ќе имаат шанса да се борат за понатамошно учество благодарение на публиката која една недела има задача да гласа. Ако вашиот фаворит не е меѓу оние кои влегоа, тогаш гласајте.Во шоуто кое траеше повеќе од два часа, конечно се познати имињата на првите шест кандидати кои продолжуваат понатаму. Двајцата членови од жирито,



