Даниел Kајмакоски со порака: „Луѓе дајте да пееме, не да војуваме“

Даниел Кајмакоски затечен од целата ситуација помеѓу Жељко и Кристина.Судиите на Х Фактор, Жељко Јоксимовиќ и Kристина Kовач продолжија да се расправаат на социјалните мрежи, а „виновникот“ за вербалната војна е Даниел Kајмакоски, македонскиот фаворит за победа во шоуто. Скромното момче од Струга кое по појавувањето на „Х-фактор“ преку ноќ стана феномен на социјалните мрежи и музичка сензација на „Јутјуб“ е затечен од целата ситуација. -Искрено не знам што да ви одговорам за нивната расправија. Не сум обратил внимание на нивниот последен дуел и не знам што да кажам. Луѓе, дајте да пееме, не да војуваме. Треба да уживаме, да се фокусираме на музиката, а не на кавгите. Се уште е многу рано, шоуто допрва ќе се развива, секој има уште многу да работи и да се докажува – изјави Kајмакоски за Дневник, кој не сака да прогнозира дали овој медиумски циркус повеќе ќе му помогне или одмогне во понатамошното натпреварување.
„Времето ќе покаже“, беше неговиот краток коментар.

Пред неколку дена Kовач јавно му упати порака на Даниел дека има намера да го преиспитува секој потег на Јоксимовиќ како негов ментор, бидејќи како што напиша „со тебе Даниел не смее да се погреши“. Најстрогиот член од жирито на „Х-фактор“ експресно возврати на ваквиот коментар. – Жената напиша и остана жива. Дали е можно да му се обратиш на натпреварувач со реченица која во превод значи „Драг Даниел, кај најде да бидеш регрутиран кај еден таков, никаков, но не грижи се , јас ќе ги држам работите под контрола за случајно да не погрешат во работата со тебе“. На Даниел и на сите останати кандидати во мојата група можам да им посакам да доживеат кариера слична на мојата или на кој било друг со кој сум соработувал. Kристина Kовач да си ја гледа својата работа и своите натпреварувачи, за да не се случи кариерата да им трае толку долго колку што траеше онаа на групата „Петти елемент“ – остро одговори популарниот кантавтор, кој двапати ја претставуваше Србија на Евросонг.Судиите на Х Фактор, Жељко Јоксимовиќ и Kристина Kовач продолжија да се расправаат на социјалните мрежи, а „виновникот“ за вербалната в

Пронајдете не на следниве мрежи: