Новости во X-Factor: Одберете ментор за вашиот омилен кандидат

Синоќа на X – Factor беа прикажани неколкумина најдобри и најинтересни натпреварувачи, кои поминаа во првиот круг на ова шоу и кои ги очекува регрутниот т.н. boot-camp каде ќе треба да учат зададени песни под менторство на некој член од жирито.Преку социјалните медиуми гледачите имаат можност да гласаат кој член од жирито сметаат дека треба да биде ментор на одреден натпреварувач.
На официјалната Фејсбук фан страница на „X – фактор Адриа“ веќе се поставени видеата на секој натпреварувач одделно, каде во коментари може да ги оставате своите предлози за ментори, избирајќи меѓу Жељко Јоксимовиќ, Емина Јаховиќ, Кики Лесендриќ и Кристина Ковач.
Отсега и членовите од жирито ќе се натпреваруваат меѓу себе според резултатите кои ќе ги постигнуваат со натпреварувачите, а гледачите ќе бидат главен судија.
Погледнете ги најдобрите натпреварувачи до сега и предложете ментор за вашите омилени:

Преку социјалните медиуми гледачите имаат можност да гласаат кој член од жирито сметаат дека треба да биде ментор на одреден натпреварувач.

Пронајдете не на следниве мрежи: