За нејзината нова песна насловена како „Џејмс Бонд“ таа вели дека веќе е вистински хит. Покрај песната сексапилната фолк пејачка Анета Наковска, деновиве го собра вниманието од јавноста и со фотографија на која носи венчаница.Иако се шпекулираше дека фолкерката наскоро ќе се мажи со долгогодишното момче, бизнисменот Александар, наводно, на романсата и дошол крајот, пренесува Вечер.
“Фотографијата која ја постирав на Фејсбук е малку постара, а јас сум во венчаница од колекцијата на една наша позната дизајнерка. Така што место за паника нема, а нема ниту да снимам спот во бел фустан. Ми се допадна фотката и ја објавив, а доколку се мажам први ќе бидете известени”, вели Наковска за Вечер, која по ниту една цена не сакаше да зборува за момчето кое до скоро не го вадеше од уста, и да одговори на прашањето дали навистина на врската и дошол крајот.
“Одлучив за приватниот живот да не зборувам, брак скоро нема да има, а дали сум се уште со Александар ни тоа не сакам да го одговорам. Одлучив за приватноста да не зборувам повеќе”, изјави фолкерката за Вечер која, ако може да и се верува на чаршијата, раскинала заради учеството во Големиот брат.
По шоуто гулапчињата некое време се обидувале да ја спасат врската, но Аце не можел да се помири со фактот што силиконските гради на неговата сакана ги виде целиот Балкан.Иако се шпекулираше дека фолкерката наскоро ќе се мажи со долгогодишното момче, бизнисменот Александар, наводно, на романсата и дошол крајот, прене


