По една година тајна љубовна врска стриптизетата Црна Мачка конечно реши момчето да го покаже на јавноста. Нејзината љубов е белграѓанецот Предраг или Пеџа инаку професионален тренер по кик бокс.„Откако по порталите ми измислуваа секакви приказни дека сум во врска со овој,оној и откако реков дека сакам мускулести момци,мојот инбокс на Фејсбук секојдневно е преплавен со стотина пораки од дечки кои сакаат да бидат со мене. Иако долго сум во оваа професија досега не дозволив медиумите да ми се мешаат во приватноста,но сега решив да им го покажам дечко ми зошто вистински сум вљубена“ – вели Мачка. Таа раскажува за Либертас дека со кик боксерот и ултимејт фајтерот Предраг се запознала лани на една забава на познатите сплавови во Белград.
„Ми пријде еден згоден фраер целиот со тетоважи и знам само дека тоа беше љубов на прв поглед. Од тогаш сме неразделни. Тој доаѓа во Скопје, но и јас често одам во Белград. Него не му пречи мојата професија,напротив ми ја дава целосната поддршка. Пеџа е нежен со мене, културен и многу внимава на мене. Вистински фраер по кого одамна сонував. Секоја жена сака заштита и силен маж до себе. Јас тоа го добив. Досега имав неуспешни врски со нереализирани мажи кои беа со мене заради славата“ – вели Црна Мачка.
На нашето прашање дали планира и нешто повеќе од врска таа додава – Сексот ни е фантастичен,исполнета сум во целост. Ништо чудно напролет да рипнам и во тавче,се смее познатата стриптизета.
Извор: Либертас„Откако по порталите ми измислуваа секакви приказни дека сум во врска со овој,оној и откако реков дека сакам мускулести момци,мојот инбокс на



