Македонките збеснаа по Даниел Кајмакоски!

Возбудата околу неговиот настап на аудицијата во Белград, никако да стивне. Даниел Кајмакоски од Струга е човекот кој го остави цел Балкан без зборови. Откако во интервјуто за „Икс фактор, тој откри дека отсекогаш имал желба да се ожени рано и да биде млад татко, стотици девојки на „Фејсбук“ се понудија токму тие да се најдат во улогата на негова сопруга.
Скромноста, талентот и изгледот на Даниел го освоија Балканот, а 29-годишниот стружанец, кој поголемиот дел од животот го помина во странство, е задоволен и благодарен за огромната поддршка.
– Ќе спиеме ли оваа ноќ? Мене сон не ме фаќа!! Полн сум со љубов и адреналин! Неверојатни сте, ме воодушевивте стварно…Каков камбек во Македонија!! Што ли воопшто правев во странство толку време? – напиша возбудениот Даниел на својот профил.
Даниел поддршка доби и од своите колеги.
Најажурна беше Тамара, која е и негова пријателка. Таа синоќа напиша само: „Ви реков!“
Сепак, меѓу најдобрите изјави е онаа на Весна Петрушевска Бејби. Актерката за Даниел напиша:
„Добро утро, добар ден и пријатно, а Simon Cowell wanna be, нека чупа веѓи за време на пауза! Даниел, па браво, браво“.
Во исчекување на следната фаза на „Икс фактор“ и вториот дел од аудициите, потсетете се на македонските кандидати кои продолжуваат понатаму. А, Даниел може да го најдете на неговата официјална фан страница.Откако во интервјуто за „Икс фактор, тој откри дека отсекогаш имал желба да се ожени рано и да биде млад татко, стотици девојки на „Феј

Пронајдете не на следниве мрежи: