Можеби сите плачат по „стариот крај“, но никој никогаш не се враќа за „везден“. Лена Заткоска, чии родители се Македонци што живеат во Австралија, иако е родена и израсната во Мелбурн, реши Македонија да биде нејзиното место на живеење.Дваесет и две годишната Лена, како што самата кажа, има целодневна работа – да биде мајка. Сепак, тоа не ја спречува да се занимава со она што најмногу го сака, а и за што и најмногу ја бидува. Доказ за тоа е и нејзиниот настап на „Икс фактор“.
Бранејќи ги боите на Македонија, Лена е уште една од оние кандидати кои вчера нѐ направија горди пред целиот Балкан.
Инаку, ова не е прво музичко појавување на младата Лена. Таа зад себе веќе има два настапа на штипскиот фестивал „Макфест“.
Дваесет и две годишната Лена, како што самата кажа, има целодневна работа – да биде мајка. Сепак, тоа не ја спречува да се занимава со она што најм
Пронајдете не на следниве мрежи:



