Нашиот Даниел Кајмакоски вчера вечер го крена цел Балкан на нозе. Пофалби стигнуваат од многу познати македонски и балкански ѕвезди.
Неговиот неверојатен настап крена голема прашина, па така на Твитер и Фејсбук вечерва сите зборуваат за него.
Честитки и воодушевување за 29 – годишниот стружанец пристигнаа од овогодинешната преставничка на Македонија на Евровизија Тијана Давчевиќ, потоа од Кристина Арнаудова, на Твитер воодушевување искажаа и Оги Радивојевиќ, Тамара, како и еден од жирито на Х Фактор Кристина Коваќ која остро ги нападна Жељко и Кики Лесандриќ кој не станаа по настапот на Даниел.
За неговиот настап се зборува и по балканските интернет портали. Српски Блиц напиша „Погледнете зашто жирито остана без текст на Х Фактор Македонецот им зададе „домашна задача“, а пак Телеграф. Рс го спореди со Тоше Проески.
На видеото од Kајмакоски на „You tube“ каналот на Х Фактор адриа има повеќе од 100 коментари и сите се позитивни и доаѓаат од целиот Балкан.
Погледнете уште еднаш како македонецот „растури“ на последниот ден од аудициите:
Пофалби стигнуваат од многу познати македонски и балкански ѕвезди.
Неговиот неверојатен настап крена голема прашина, па така на Твитер и Фе



