Mузичката ѕвезда од Барбадос, Ријана денеска од рацете на својата мајка Моника ја прими наградата „Икона на американската музичка сцена“ , награда која годинава се доделува по прв пат за време на доделувањето на наградите „American Music Awards“.-Ријана, многу сум горда на тебе. Знам дека патот на твојата кариера не секогаш беше лесен, но вечерва ти одавам признание и восхитена сум поради тоа што сега си толку силна, позитивна , скромна и внесена во твојата работа. Неверојатно е тоа што секогаш знаеш од себе да го извлечеш најдоброто од тоа што ќе го доживееш. Горда сум што сум дел од овој историски момент , и што имам можност по прв пат да ја преставам оваа награда, изјави мајката на Ријана , Моника.
По овие зборови на нејзината мајка Ријана се заблагодари на поддршката и истакна.
„Пред околу дваесетина години почнав твојот живот да го претворам во пекол. Ти ме врати на вистинскиот пат и поради тоа сето ова го правиш нешто посебно за мене“, порача Ријана.
Контроверзната пејачка потоа им се заблагодари на сите фанови за поддршката и воодушевено истакна дека не може да верува дека со само 25 години и припаднала честа да ја добие оваа престижна награда.-Ријана, многу сум горда на тебе. Знам дека патот на твојата кариера не секогаш беше лесен, но вечерва ти одавам признание и восхитена сум по


